• сабота, 18 мај 2024

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници
Скопје, 18 октомври 2022 Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници. Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан