• сабота, 18 мај 2024

Собранието ќе одржи две последователни седници

Собранието ќе одржи две последователни седници

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Собранието денеска ќе ги одржи продолженијата на 51-та и 71-та седница. Во рамки на 51-та седница треба да се гласа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

На дневниот ред на седницата се уште три законски решенија во прво читање.

Во рамки на 71-та седница, пак, треба да се разгледаат повеќе точки меѓу кои и годишните извештаи за работата на Народниот правобранител, на Судскиот совет и на Државната комисија за спречување на корупцијата, трите за 2021 година. вј/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан