• среда, 10 јули 2024

Словачка приреди изненадување и ја победи Белгија, два гола поништени на Лукаку

Словачка приреди изненадување и ја победи Белгија, два гола поништени на Лукаку

Франкфурт, 17 јуни 2024 (МИА) - Словачка го приреди големото изненадување во групата „Е“ и успеа со минимални 1:0 да победи против фаворитот Белгија.

Ова беше прв натпревар за двете селекции на нивниот старт на ЕП 2024. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во седмата минута, кога Иван Шранц погоди за Словаците.

Белгија доминираше во поголемиот дел од мечот, но Ромелу Лукаку направи најмалку три големи промашувања, Јоан Бакајоко и Леандро Тросар исто така не успеаја да постигнат гол од чисти позиции, што беше премногу за да се дојде барем реми.

Треба да се напомене дека Лукаку во вториот дел навистина двапати ја наоѓаше мрежата на Словачка, но од офсајд позиција и по игра со рака на неговиот соиграч.

Фудбалерите на Доменико Тедеско не го демонстрираа очекуваното високо ниво и беа ограничени со многу компетентна и самопожртвувана дефанзивна игра на Словаците. дс

Фото: Фејсбук/УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан