• четврток, 19 декември 2024

Скребатно подготвено да ги прими верниците за православниот празник Голема Богородица

Скребатно подготвено да ги прими верниците за православниот празник Голема Богородица

Охрид, 24 август 2024 (МИА) - Православните верници од Охрид и околината со богослужбa и верски обичаи секоја година масовно во селото Сребатно го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.

По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во излетничкото место Скребатно во близина на Охрид традицонално се одржува голем црковно-народен собир, на кој се очекува присуство на илјадници верници.

За празникот Успение на Пресвета Богородица се приготвува и дели ручек за пет илјади луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века. Секоја година на празникот во Скребатно се одржува наддавање за светиот крст, а средствата собрани од учесниците во наддавањето се искористуваат за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.

За в среда на самиот празник Општина Охрид организира превоз до селото односно црквата. Тргнувањето е во 8:30 часот од пред „Шпаркасе“ банката на булеварот „Туристичка“ и од центарот на селото Лескоец. Враќањето за назад е предвидено за во 16:30 часот. 

Црквата „Света Богородица“ во Скребатно целосно е возобновена пред 20 години, врз темелите на стариот храм чија старост не е точно утврдена. Скребатно првпат во пишан документ се спомнува во 1583 година. Врз темелите на вековната традиција денешните генерации не само што ја чуваат верата и обичаите туку претставуваат и вистински пример како треба да се сака и надградува едно свето место. аб/лв/

фото/МИА

Остани поврзан