Берберниците од Центар се вклучија во иницијативата „Се шишаме и донираме”
- СООПШТЕНИЕ - Општина Центар во соработка со берберниците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance вчера ја реализираа големата хуманитарна акција „Се шишаме и донираме” на територија на општината.
Скопје, 19 декември 2024
Општина Центар во соработка со берберниците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance вчера ја реализираа големата хуманитарна акција „Се шишаме и донираме” на територија на општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги посети сите пет берберници за да види како се одвива иницијативата и донираше финансиски средства за да донесе радост онаму кадешто е најпотребно во пресрет на новогодишните празници.
-Среќен сум што хуманоста нѐ зближува. Моја огромна почит до бербениците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance за заедничката хуманитарна акција „Се шишаме и донираме”. Во следниот период продолжуваме со слични активности, вели Герасимовски.
Сите мажи кои вчера се шишаа или бричеа во некоја од овие пет берберници паричните средства што ги платија како услуга ги донираа во хуманитарни цели.
Општина Центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.