• среда, 01 јануари 2025

Прес-конференција на Лиридон Диша од ДУИ

Прес-конференција на Лиридон Диша од ДУИ

Скопје, 29 декември 2024 

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) остро го осудува усвојувањето на законот во Собранието, предложен од Министерството за образование, со поддршка на ВЛЕН-ДПМНЕ, со кој се забранува употребата на Националниот Буквар – значаен симбол на албанскиот јазик и идентитет, кој го користат сите Албанци низ светот.

Иронично, само пред неколку недели, градоначалници од ВЛЕН го промовираа и дистрибуираа овој буквар како дел од проект на претходната влада, нарекувајќи го значајно постигнување за албанските ученици.

Денес, истите луѓе предложија и гласаа за неговата забрана, испраќајќи јасна порака за недостатокот на почит кон албанскиот јазик и образовните права на Албанците.

Дополнителен удар врз еднаквоста и правата на Албанците е воведувањето задолжителен тест само за македонскиот јазик за сите кандидати за директори на основните училишта, дури и во училишта каде наставата се одвива исклучиво на албански јазик.

Овој потег е дискриминаторски и создава длабока асиметрија помеѓу македонскиот и албанскиот јазик, поткопувајќи ја важноста и еднаквоста што ја гарантира Уставот.

ДУИ изразува длабока загриженост за овие мерки, кои не само што ги загрозуваат правата на Албанците, туку го поткопуваат и единството и општествената кохезија во државата. Обидите за институционално и законски ограничување на значењето на албанскиот јазик и дискриминацијата на Албанците во областа на образованието се неприфатливи и во целосна спротивност со евроатлантските аспирации на нашата земја.

Доста е!

Апелираме до актуелната влада, која има моноетнички легитимитет, да се откаже од овие раздорни политики и да го врати фокусот на соживотот, еднаквоста и взаемната почит меѓу заедниците. Албанците дале многу за оваа држава и заслужуваат да бидат третирани со достоинство и почит.

ДУИ ќе продолжи да ги брани правата и интересите на Албанците на секое ниво и ќе ги користи сите демократски средства за да обезбеди еднаквост и правда.

ДУИ ќе поддржи секоја меѓупартиска дебата во интерес на деполитизацијата на образованието.

Прес-конференција на Лиридон Диша

Демократска унија за интеграции 

_____________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан