• среда, 22 јануари 2025

Поради аерозагадувањето, препораки за кумановци

Поради аерозагадувањето, препораки за кумановци

Куманово, 19 декември 2024 (МИА) - Граѓаните на Куманово реагираат дека последниве денови особено во попладневните и вечерните часоци аерозагадувањето е евидентно. И Општина Куманово денеска информираше дека е надминат прагот на информирање на суспендирани честички и ги сподели мерките и препораките на Владата и на Министерството за живтона средина за справување со аерозагадуавњето.

- Поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (на 17.12. и 18.12.2024 година со среднодневни концентрации над 100 μg/m3), согласно добиениот акциски план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари 2024-2025 година) од Министерство за животна средина и просторно планирање и заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од триесет и третата седница општина Куманово им препорачува да не се користат возила без поголема потреба, да се возат повеќе лица со едно возило истовремено, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва и строга забрана на горење на отворено, наведуваат од Општина Куманово.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачаа граѓаните да го ограничат движењата и активности на отворен простор особено, децата, старите лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот истем, со посебен ризик за болните од белодробна астма, а воедно препорачуваат ограничени движења и активности на лицата, кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор.

- Од страна на општина Куманово преку ЈП „Чистота и зеленило“, денеска во вечерните часови интензивно ќе се изврши аеросолизација на територијата на градот, како ефикасна мерка во справување со загадување на воздухот, велат од Општината. Ова е една од краткорочните мерки кои ги спроведува локалната самоуправа.

Куманово за мерки против аерозагадувањето одвојува најмногу средства во државата. Како долгорочни се сметаат гасификацијата и пошумувањето. Лекарите од Куманово во неколку наврати информираа деке е зголемен бројот на пациенти по различни оддели, последно на Детското одделение.

- Прошетките се одлични, но децата треба да се изведуваат во период кога нема аерозагадување. Ако веќе имаат можност родителите можат да набават прочистувачи за воздух, изјави началничката на детското одделение, д-р Маргица Арсовска.

Инаку, мерната станица во Куманово вчера покажа неколкукратно зголемување на концентрација на ПМ честичките. Аерозагадувањето најмногу се чувствува во периодот од 19 до 22 часот. Мерните станици на општината исто така покажаа надминување на граничните вредности. ам/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан