• недела, 29 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Македонска Каменица се вклучува во кампањата „Општина на дланка“

Општина Македонска Каменица се вклучува во кампањата „Општина на дланка“

Македонска Каменица, 19 декември 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица се вклучува во кампањата „Општина на дланка“. Како што соопштија денес од Општината се работи за иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги, истакнаа од Општина Македонска Каменица. 

Во рамките на кампањата, како што додадоа предвидено е редовно ажурирање на комуникациските канали со нови информации во надлежност на општината.

-Со тоа очекуваме да се поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината. Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, додадоа од Општина Македонска Каменица.

Меѓу главните цели на проектот „Општина на дланка“ е подобрувањето на управувањето со општинските јавни финанссии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори, поголем пристап до надворешни извори на финансирање, создавање услови за вклучување на приватниот сектор, подобрување на управувањето со општинските јавни финансии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, поголем пристап до надворешни извори на финансирање и создавање услови за вклучување на приватниот сектор. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан