• сабота, 18 мај 2024

Сектор за санитарна контрола: Скопје има безбедна вода за пиење

Сектор за санитарна контрола: Скопје има безбедна вода за пиење

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Скопје има безбедна вода за пиење според неделниот извештај на Секторот за санитарна контрола, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Во Службен весник пишува дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.07.2023 до 28.07.2023 со испитување на 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје, дојде до заклучок дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. сан/ац/

Остани поврзан