• сабота, 18 мај 2024

Си - Путин: Кинеско-рускиот договор ќе биде проширен

Си - Путин: Кинеско-рускиот договор ќе биде проширен
Пекинг/Москва, 30 јуни 2021 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, по разговорите преку видео врска, објавија дека Кинеско-рускиот договор ќе биде проширен. Како што пренесе денеска Кинеската медиумска групација (ЦМГ), проширувањето на договорот за добрососедство не само што сведочи за силната виталност на сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Русија во новата ера, туку и внесува позитивна енергија во одржување на светската безбедност и стабилност. Проширувањето, како што е наведено, ќе постави поцврста основа за долгорочниот развој на односите меѓу двете земји и пријателството на двата народа од генерација на генерација. Средбата на двајцата лидери и заедничката изјава на двете страни јасно изразија противење на хегемонизмот и унилатерализмот и изразија силна поддршка за меѓусебните клучни интереси. Она што Кина и Русија го бранат заедно е праведен и рационален меѓународен поредок и заеднички интереси на повеќето земји во светот, наведува ЦМГ.
Во заедничката изјава потпишана на 28 јуни, Кина и Русија се согласија да извршат голем број задачи за соработка, вклучително и билатерална трговија, енергија, научни и технолошки иновации. паг/  

Остани поврзан