• понеделник, 23 декември 2024

Синдикатот на автомобилските работници постигна прелиминарен договор со „Форд“, штрајкот во „Џенерал моторс“ и „Стелантис“ продолжува

Синдикатот на автомобилските работници постигна прелиминарен договор со „Форд“, штрајкот во „Џенерал моторс“ и „Стелантис“ продолжува

Вашингтон, 26 октомври 2023 (МИА) - Синдикатот Обединети автомобилски работници (УАВ) и производителот на автомобили „Форд“ склучија прелиминарна спогодба за четиригодишен работен договор што прифаќа некои од барањата на синдикатот, па штрајкот во оваа компанија засега прекинува. Но штрајкот што започна пред шест недели се уште трае во „Џенерал моторс“ и „Стелантис“. 

Според спогодбата, работниците на „Форд“ добиваат зголемување на платата од околу 25 отсто во текот на четири години, редовна индексација на платата зависно зголемените трошоци за живот, пензиски добивки и сигурна работа, како и право на штрајк во случај на затварање на фабриката. 

Синдикатот ги повика штрајкувачите од „Форд“ да се вратат на работните места додека прелиминарната спогодба е во процес на ратификација. 

Шон Фејн, лидер на синдикатот, во видео повик на Фејсбук синоќа изјави дека сподгодбата треба да биде поднесена до советот на УАВ на состанокот закажан во недела. Ако биде одобрена синдикатот ќе ги претстави точките од спогодбата до 57.000 работници на оваа компанија. 

-Создавме историја. Му рековме на Форд да си ја плати сметката и тие го направија тоа, рече Фејн.

„Форд“ наводно прифатил 23 отсто зголемени плати, но синдикатот притисинал со барање за 25 отсто. Условите на спогодбата вклучуваат и зголемување на платата од 11 отсто веднаш. 

„Форд“ излезе со кратко соопштение во кое меѓудругото се вели дека „компанијата е задоволна за постигнатата прелиминарна спогодба за нов работнички договор со УАВ за нашите операции во САД“. 

Во меѓувреме, синдикатот е се уште во штрајк со останатите два автопроизводители, „Џенерал моторс“ и „Стелантис“ и продолжува да преговора со нив. Овие компании ги произведуваат култните американски брендови Крајслер, Џип, Рам и др. 

Според Фејн, конечниот збор дали ќе биде прифатена спогодбата ја имаат синдикалците. 

-Ова е голема победа за синдикатот по многу години ерозија од инфлацијата, поделби за ставките на платата и други реални проблеми поврзани со работното место што луѓето ги ставаше во гнев, изјави Харли Шeјкeн, професор на Универзиетот Калифорноја, Беркли, кој го следи УАВ повеќе од три децении. 

Тој рече дека со ова „се поставуваат стандарти за останатите работници низ амриканската економија“. кб/ сд/

Остани поврзан