• среда, 26 март 2025

Ватикан: Состојбата на папата Франциск сè уште загрижувачка

Ватикан: Состојбата на папата Франциск сè уште загрижувачка

Рим, 23 февруари 2025 (МИА) - Здравствената состојба на папата Франциск останува „критична“, соопшти Ватикан, потврдувајќи дека 88-годишниот поглавар на Католичката црква има почетна форма на бубрежна слабост.

Иако денеска немал дополнителни респираторни напади, тој веќе една недела е хоспитализиран во римската болница Џемели поради комплексна респираторна инфекција и пневмонија.

Минатиот петок, лекарите предупредија дека една од најсериозните можни компликации е развој на сепса – тешка инфекција на крвта. ссм/

фото: архива

Остани поврзан