• среда, 26 март 2025

Американски секретар за финансии: Договорот со Украина не вклучува безбедносни гаранции

Американски секретар за финансии: Договорот со Украина не вклучува безбедносни гаранции

Вашингтон, 25 февруари 2025 (МИА) – Договорот за минерали меѓу Украина и САД, кој е во завршна фаза, не содржи воени безбедносни гаранции, изјави американскиот секретар за финансии, Скот Бесент.

– Но, содржи имплицитна гаранција дека ако САД силно инвестираат во економската иднина на Украина, тоа е економска безбедносна гаранција, рече Бесент за американските медиуми.

Според него, договорот е дел од долгорочната стратегија на претседателот Доналд Трамп за постигнување мир меѓу Украина и Русија. Се однесува на стратешки минерали, енергетика и државни компании, а може да биде потпишан уште следната недела.

Москва не го одобрува ваквиот договор, што според Бесент, е уште еден поттик за Киев да го прифати. Тој додаде дека е разочаран што украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не го потпишал документот.

Договорот предвидува приходите од природните ресурси, инфраструктурата и другите средства на украинската влада да се вложуваат во фонд за долгорочна реконструкција и развој на земјата, при што САД ќе имаат збор во економските и административните прашања.

Трамп викендов изјави дека очекува договорот наскоро да биде постигнат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан