• петок, 03 јануари 2025

Сиднеј ја дочека 2025 година со традиционалниот спектакл на пристаништето

Сиднеј ја дочека 2025 година со традиционалниот спектакл на пристаништето

Сиднеј, 31 декември 2024 (МИА) - Сиднеј ја дочека новата година со традиционалниот и светски познат огномет над пристаништето, следен од милиони луѓе во земјата и светот, јави ДПА.

Огнометот во австралискиот град започна на полноќ на позадината на пристаништето и Операта. Годинава се употребени девет тони пиротехнички средства кои го осветлиле небото. Огномет беше поставен на 264 различни локации, значително повеќе од претходните години.

Со помош на иновативна технологија, под огнометот беа прикажани фигури на животни, а беше напишано и името на градот - Сиднеј.

Се верува дека повеќе од милион луѓе присуствувале на настанот, од кои многу од утрото поставиле ќебиња и столчиња во околните паркови.

Се раздени и над другите поголеми австралиски градови - Мелбурн, Бризбејн и Аделаида.

Првиот голем град кој ја дочека Новата година беше Новозеландскиот Окленд, чие обележје осветли на полноќ два часа пред Сиднеј. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан