Руска СВР: САД побараа од Украина да ја намали старосната граница за регрутација
- „Во тој поглед, земјите од Источна Европа кои граничат со Украина веќе тајно се подготвуваат да примат нови бранови украински бегалци“, се наведува во соопштението.
Москва, 3 јануари 2025 (МИА) - Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) соопшти дека во Украина е подготвена одлука за намалување на старосната граница за мобилизација и дека таа наскоро ќе биде усвоена.
Како што се наведува во соопштението на СВР, Вашингтон неодамна побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски итно да ја намали старосната граница за мобилизација на 18 години, пренесуваат руските медиуми.
„Во тој поглед, земјите од Источна Европа кои граничат со Украина веќе тајно се подготвуваат да примат нови бранови украински бегалци“, се наведува во соопштението.
СВР наведува дека ваквата одлука ќе биде донесена, бидејќи „Белата куќа смета дека логистиката на украинските вооружени сили не е доволна за стабилизирање на фронтот“.
На крајот на ноември, британските и американските медиуми цитирајќи високи американски функционери, објавија дека администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден ја повикува Украина да го ревидира законот за мобилизација со цел да ја намали старосната граница за регрутирање на 18 години, што би зголемување на бројот на вооружените сили.сд/
фото:МИА архива