ОН: Повеќе од 115.000 Сиријци се вратија во својата земја по падот на Башар ал Асад
- Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле во земјата по падот на претседателот Башар ал Асад, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).
Женева, 3 јануари 2025 (МИА) - Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле во земјата по падот на претседателот Башар ал Асад, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).
„Сиријците се вратија од земји како Турција, Јордан и Либан“, се наведува во соопштението.
Ал Асад беше на власт речиси 25 години, а неговиот пад дојде на 8 декември кога антирежимските групи го зазедоа Дамаск, ставајќи крај на владеењето на Арапската социјалистичка партија Баас, која беше на власт од 1963 година.
Падот на Ал Асад уследи по брзата офанзива на борците на Хајат Тахрир ал-Шам, кои ги зазедоа клучните градови во воената операција која траеше помалку од две недели. паг/
Фото: МИА архива