• сабота, 04 јануари 2025

Најмалку 40 луѓе се спасени во пожар во зграда во близина на Сеул

Најмалку 40 луѓе се спасени во пожар во зграда во близина на Сеул

Сеул, 3 јануари 2024 (МИА) - Најмалку 40 луѓе се спасени, а 50 успеале да ја напуштат зградата во која денеска избувна пожар во населбата Бунданг, јужно од Сеул, соопштија локалните власти.

Според извештаите, неколку луѓе се уште се заробени во осумкатницата, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот со околу 80 возила, пренесува јужнокорејска новинска агенција.

Засега не се знае дали има жртви, ниту што го предизвикало пожарот. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан