• понеделник, 06 јануари 2025

Министерот за надворешни работи на Израел го потврди продолжувањето на преговорите во Катар за ослободување на заложниците

Министерот за надворешни работи на Израел го потврди продолжувањето на преговорите во Катар за ослободување на заложниците

Тел Авив, 4 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го потврди продолжувањето на индиректните разговори во Доха со Хамас за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници кои таму се држат од 7 октомври 2023 година.

Кац ги известил родителите на заложничката Лири Елбаг, која денеска се појави на видеото објавено од Хамас, дека во тек се напори за ослободување на заложниците, поточно дека израелската делегација вчера заминала на разговори во Катар.

Тој појасни дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дал прецизни упатства за продолжување на преговорите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан