• сабота, 04 јануари 2025

Ханој прогласен за најзагаден град во светот

Ханој прогласен за најзагаден град во светот

Ханој, 3 јануари 2025 (МИА) - Главниот град на Виетнам, Ханој денеска е прогласен за најзагаден град во светот, откако се измерени 266 микрограми опасни честички, познати како ПМ2,5, на метар кубен.

Ханој е покриен со густ смог во последните неколку недели, што е резултат на густ сообраќај, горење ѓубре и индустриска активност.

Вицепремиерот Тран Хонг Ха повика вчера на забрзана транзиција кон електрични возила како дел од напорите за намалување на загадувањето, објавија државните медиуми.

Целта на виетнамската Влада е најмалку 50 отсто од автобусите, како и сите такси возила, да бидат електрични до 2030 година.

Мештаните велат дека загадувањето влијае на нивното здравје и дека сметаат дека состојбата со загадувањето во последно време е влошена. Оваа југоисточна азиска земја, регионален индустриски центар со една од најбрзо растечките економии во Азија, со години пријавува за сериозно загадување на воздухот во поголемите градови, особено во Ханој. рп/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан