• понеделник, 15 јули 2024

СЗО: Вакцинацијата попушта, се повеќе деца во светот се без основна имунизација

СЗО: Вакцинацијата попушта, се повеќе деца во светот се без основна имунизација

Женева, 15 јули 2024 (МИА) - Имунизацијата во светот тапка во место од 2023 година, а бројот на невакцинирани деца сега е за дополнителни 2,7 милиони помалку на глобално ниво отколку пред пандемијата на коронавирусот, објавија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Според проценките на двете организации врз основа на националните податоци за вакцинација, трендот на имунизација на децата против 14 болести укажува на потребата од забрзување на напорите и зајакнување на здравствените капацитети.

Податоците покажуваат дека бројот на деца кои примиле три дози од вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица (Дитепер) во 2023 година останал непроменет на 84 проценти. Во исто време, бројот на деца кои не примиле ниту една доза од вакцината се зголеми од 13,9 милиони во 2022 година на 14,5 милиони во 2023 година.

Дополнително, уште 6,5 милиони деца не го завршија целиот циклус на имунизација и не ги примија сите три дози, што е неопходно за успешна превенција на болеста.

Повеќе од половина од невакцинираните деца живеат во 31 земја кои се карактеризираат со кревки и нестабилни средини, оптоварени со вооружени конфликти и каде пристапот до основните потреби, храна и здравствена заштита е тежок.

Знак за тревога е одложувањето на вакцинацијата против потенцијално смртоносните мали сипаници, а во моментов 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против нив.

Лани, 83 проценти ја примиле првата доза од вакцината, а бројот на деца кои ја примиле третата доза незначително се зголемил на 74 отсто, што е многу помалку од 95 отсто неопходни за колективна имунизација и превенција од епидемии. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан