• понеделник, 20 мај 2024

Муцунски: Се реконструираат две нови спортски игралишта во Аеродром, инвестициите ќе продолжат и во следниот период

Муцунски: Се реконструираат две нови спортски игралишта во Аеродром, инвестициите ќе продолжат и во следниот период

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска извршија увид на повеќе завршени проекти од областа на спортот и рекреативната култура во Општината. Муцунски најави дека инвестициите ќе продолжат и во следниот период и истакна дека ќе се работи во летниот период кога сообраќајот не е многу отежнат од гужви. 

Тој информираше дека увидот е почнат кај ОУ „Љубен Лапе“ каде што целосно се реконструирани две нови спортски игралишта, како и кај ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ каде што целосно е реконструана спортската и рекреативната инфраструктура во уќилишниот двор, позната кај аеродромци како „Жути Арена“.

- Ќе продолжат инвестициите и во следниот период, ние работиме плански, во текот на летниот период кога е намалена гужвата во сообраќајниот режим отпочнавме со инфарструктура со повеќе објекти од уличната инфраструктура, тие проекти ќе продолжат и во следниот период, најавуваме низа други проекти, истакна Муцунски.

Градоначалникот ја обвини Владата дека ја блокира обврзницата за Општина Аеродром, која според него не била наменета за непродуктивни расходи, туку за капитални проекти.

- Се надеваме дека таму разумот и свеста ќе преовладат бидејќи ова е проект кој што веќе доби соодветни одобренија и од Министерството за финансии и од страна на Комисијата за хартии од вредност, што значи дека се чека само едно техничко одобрение од владата, но тоа техничко одобрение во моментот кочи од отпочнување на градежни работи, на проекти кои што од наша страна година и половина се подготвуваа да дојдат до фаза каде што можеме истите да ги тендерираме и да ја доведеме Општината до состојба каде што дечиња веќе нема да чекаат за место во градинка и нема да бидеме во ризик учениците во неколку училишта да одат во трета смена, изјави Муцунски.

Тој додаде дека поради тоа што оваа техничка одлука се блокира од страна на Владата, целосната одговорсност за сите недостатоци се кај централната власт. сх/сп/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан