• петок, 17 мај 2024

„Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар гостува на „Јоакимфест“ во Крагуевац

„Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар гостува на „Јоакимфест“ во Крагуевац
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) -  Со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ („Се викам Горан Стефановски“), Драмски театар-Скопје утре ќе гостува на 17. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац. Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“.. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Во актерската екипа се: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Годинашниот „Јоакимфест“ се одржува од 7 до 12 октомври под слоганот  „Хармонија на различноста“. Учествуваат театри од Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и од Словенија. хс/са/

Остани поврзан