Секој ден во Израел во просек се издаваат околу 1.700 дозволи за оружје
- Израелското Министерство за национална безбедност денеска соопшти дека на Израелците во просек дневно им се издаваат околу 1.700 дозволи за оружје за време на војната против Хамас.
Ерусалим, 15 ноември 2023 (МИА) - Израелското Министерство за национална безбедност денеска соопшти дека на Израелците во просек дневно им се издаваат околу 1.700 дозволи за оружје за време на војната против Хамас.
Ова е нагло зголемување во однос на претходните години. Од 7 октомври кога почна војната до Министерството се поднесени околу 236.000 барања за дозволи.
Како што се наведува, бројот на поднесени барања за нешто повеќе од еден месец е еднаков на бројот на поднесени барања за повеќе од дваесет години рутинска активност, објави израелскиот весник „Хаарец“. паг/
Фото: МИА архива