• четврток, 26 март 2026

Арагчи: Иран нема да преговара за својата нуклеарна програма под притисок

Арагчи: Иран нема да преговара за својата нуклеарна програма под притисок

Техеран, 10 март 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи изјави дека Иран нема да преговара за неговата нуклеарна програма под притисок и заплашување бидејќи американскиот претседател, Доналд Трамп го зголемува притисокот врз Техеран.

Арагчи на „Х“ напиша дека иранската нуклеарна програма е ограничена на цивилни цели и дека нема нејзина „потенцијална милитаризација“.

Трамп се обиде да го зголеми притисокот врз Техеран со враќање на санкциите кои му забрануваат на Ирак да купува електрична енергија од Иран. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан