• недела, 09 март 2025

Кина, Иран и Русија ќе спроведат заедничка поморска вежба

Кина, Иран и Русија ќе спроведат заедничка поморска вежба

Пекинг, 9 март 2025 (МИА) – Кинеската, иранската и руската морнарица ќе спроведат заедничка вежба во март, соопшти денеска кинеското Министерство за национална одбрана.

Вежбата со кодно име „Безбедносен појас-2025“ треба да се одржи во области во близина на иранското пристаниште Чабахар, соопшти Министерството. Кинеската флота ќе учествува со разурнувач и брод за снабдување.

Планот за маневрите вклучува вежби за гаѓање поморски цели, контрола на штета, како и заедничко пребарување и спасување. Целта е да се зајакне воената меѓусебна доверба и да се поттикне прагматична соработка меѓу поморските сили на земјите-учеснички, додаде Министерството. јт/

Фото: Министерство за национална одбрана на Кина

Остани поврзан