• четврток, 18 декември 2025

Последните случувања во Сирија во фокусот на телефонскиот разговор на Герапетритис со патријархот на Антиохија

Последните случувања во Сирија во фокусот на телефонскиот разговор на Герапетритис со патријархот на Антиохија

Атина, 10 март 2025 (МИА) – Итната потреба за национално единство и мирен соживот и важноста за обезбедување заштита на сите етнички и верски заедници, вклучително и христијанското население, ги истакнал министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со патријархот на Антиохија и на целиот исток Јован, јави дописничката на МИА од Атина.

Во фокусот на разговорот биле последните случувања во Сирија, а како што информираа од грчкото МНР преку платформата Икс, Герапетритис исто така, ја подвлекол потребата од запирање на сите злосторства врз цивилите и ја потврдил заложбата на Грција внимателно да ги следи случувањата во Сирија, нагласувајќи ја посветеноста на Сирија за почитување на меѓународното право, инклузивноста и избегнувањето на странско мешање.

Од Министерство за надворешни работи на Грција, во саботата, исто така преку Икс ги повикаа сите страни во Сирија „да покажат одговорност и да бараат мирни решенија, воздржувајќи се од дејствија кои дополнително ќе ги разгорат тензиите“. ср/

Фото: Х/Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан