• петок, 05 јули 2024

Седум македонски спортисти добија олимписки стипендии

Седум македонски спортисти добија олимписки стипендии
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) – Седум спортисти, предводени од освојувачот на сребрениот медал на Игрите 2020 во Токио, Дејан Георгиевски, денеска потпишаа договори со Македонскиот олимписки комитет (МОК) за стипендирање на нивните подготовки за следните Летни олимписки игри 2024 во Париз. Олимписки стипендии во износ од 800 до 1.600 долари, како што е соопштено, ќе добијат таеквондистите Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Ана Марија Георгиевска, борачите во слободен стил, Магомедгаджи Нуров и Владимир Егоров, атлетичарот Дарио Ивановски и натпреварувачот во спортско стрелаштво Борјан Бранковски. - Оваа листа не е конечна бидејќи МОК и за другите спортисти, кои во меѓувреме ќе докажат со своите најдобри резултати дека евентуално ќе можат да освојат норма за учество на Олимписките игри 2024, ќе обезбеди финансиска помош која, секако ќе биде надополнување на веќе обезбедените финансиски средства, кои националните спортски федерации ги добиле од јавниот и приватниот сектор, се наведува во соопштението на МОК. ег/ар/

Остани поврзан