• недела, 22 декември 2024

Рекордна гледаност на корејската бејзбол лига

Рекордна гледаност на корејската бејзбол лига

 

Сеул, 5 јули 2024 (МИА) – За прв пат во својата 42-годишна историја, Корејската бејзбол организација (КБО) надмина шест милиони гледачи во првата половина од сезоната.

КБО објави дека одиграните 418 натпревари привлекле 6.057.323 гледачи со што лигата е на добар пат до крајот на сезоната да го собори рекордот на посетеност од 2018 година од 8,4 милиони гледачи.

Лигата оваа сезона има просек од 14.491 навивачи по натпревар. Сите 10 клубови имаат во просек повеќе од 10.000 навивачи по натпревар и сите имаат зголемена посетеност во споредба со минатата година.

КБО веќе постави рекорд со 116 распродадени натпревари, три повеќе од целата сезона во 2012 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан