• петок, 05 јули 2024

Копа Америка: Мартинез ја однесе Аргентина во полуфинале

Копа Америка: Мартинез ја однесе Аргентина во полуфинале

 

Хјустон, 5 јули 2024 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако со подобро изведување пенали го совлада Еквадор со 4-2.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1. Аргентина поведе во 35. минута со голот на Лисандро Мартинез, на асистенција на Лионел Меси, а Еквадор го однесе натпревар на пенали во втората минута од судиското надополнување со голот на Кевин Родригез.

Во пенал серијата, Меси ја погоди стативата но голманот Емилијано Мартинез беше аргентинскиот херој кој одбрани два пенали на еквадорските фудбалери.

„Им реков на момчињата дека не сум подготвен да си одам дома. И тие не беа“, изјави Мартинез откако беше прогласен за играч на натпреварот.

Аргентина во полуфиналето ќе се соочи со Канада или Венецуела, а во преостанатите две четвртфиналиња ќе играат Бразил – Уругвај и Колумбија – Панама. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан