Седум лица повредени во експлозија во станбена зграда во иранскиот град Кум, се истражува истекување на гас
- Седум лица се повредени во експлозија што денеска се случи во станбена зграда во квартот Пардисан, во иранскиот град Кум, јавија локални медиуми. Според првичните информации, инцидентот не е резултат на израелски напад.
Техеран, 14 јули 2025 (МИА) – Седум лица се повредени во експлозија што денеска се случи во станбена зграда во квартот Пардисан, во иранскиот град Кум, јавија локални медиуми. Според првичните информации, инцидентот не е резултат на израелски напад.
– Во експлозијата се оштетени четири станбени единици. Првичните проценки укажуваат дека најверојатната причина е истекување на гас. Истрагата продолжува, изјави директорот на противпожарната служба во Кум.
Сите станари во зградата биле цивили.
Иранските медиуми посочуваат дека граѓаните не треба да подлегнуваат на шпекулации за евентуален напад од Израел.
– Граѓаните не треба да се грижат поради гласини за израелски напади. Доколку се случи непријателски чин на територијата на земјата, јавноста веднаш ќе биде известена, а ќе се активираат и сирените во окупираните територии, пренесува Фарс, повикувајќи се на неименуван ирански извор. ссм/
фото: архива