„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран
- Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ денеска евакуираше уште 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран
Москва, 25 март 2026 (МИА) – Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ денеска евакуираше уште 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран.
Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси.
Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата останале во нуклеарната централа, но дека уште повеќе ќе заминат.
Бушер ја изгради Русија, а „Росатом“ гради дополнителни единици таму, но изградбата беше прекината откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. ми/сд/
фото: МИА архива