• четврток, 26 март 2026

Хезболах ги отфрла разговорите со Израел додека нападите продолжуваат

Хезболах ги отфрла разговорите со Израел додека нападите продолжуваат

Бејрут, 25 март 2026 (МИА) - Лидерот на либанското милитантно движење Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека разговорите со Израел додека нападите се во тек би биле еднакви на наметнато предавање и ја повика либанската влада да ја укине забраната за воените активности на движењето.

Во писмена изјава прочитана во негово име од телевизиска станица поврзана со Хезболах, Касем рече дека борците на Хезболах, поддржани од Иран, се подготвени да продолжат да се борат „без ограничувања“.

Тој ја отфрли иницијативата на либанскиот претседател Џозеф Аун за започнување директни разговори со Израел.

Израел започна напади врз локации поврзани со Хезболах во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут на 2 март, неколку часа откако Хезболах започна со ракетни и беспилотни напади врз Израел за прв пат од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во ноември 2024 година.

Хезболах претходно соопшти дека започнал напади врз Израел во поддршка на Иран, кој САД и Израел го нападнаа на 28 февруари откако разговорите за нуклеарната програма на Иран не доведоа до договор. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан