• вторник, 14 април 2026

Пожар на аеродромот во Кувајт по напад со дронови

Пожар на аеродромот во Кувајт по напад со дронови

Кувајт, 25 март 2026 (МИА) – Портпаролот на Генералните противпожарни сили на Кувајт изјави дека во моментов се гаснат пожари на аеродромот во Кувајт предизвикани од „непријателски“ беспилотни летала.

- Заедно со поддршка од противпожарните единици на армијата, Националната гарда и нафтениот сектор, се справуваме со пожар во резервоар за гориво на аеродромот во Кувајт, кој беше цел на непријателски дронови – изјави бригадниот генерал Мохамед Ал-Гариб во изјавата што ја пренесе новинската агенција на Кувајт.

За време на прес-конференција, тој потврди дека „се справуваат со четири пожари на различни локации кои избувнале како резултат на паѓање на шрапнели“, пренесе „Зл џезира“.

Ал-Гариб исто така рече дека во земјата се случиле 82 вакви инциденти „од почетокот на грешната иранска агресија“. јт/сд/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан