• недела, 12 мај 2024

Седуммина пријавени за крстот што ќе се положи во реката Луда Мара во Кавадарци 

Седуммина пријавени за крстот што ќе се положи во реката Луда Мара во Кавадарци 

Кавадарци, 17 јануари 2024 (МИА) - Седум лица се пријавени за традиционалното фаќање на крстот што ќе се положи во реката Луда Мара во Кавадарци, потврди денеска за МИА, отец Мартин Деневски, старешина на кавадаречката црква ,,Свети Димитрија", во централното градско подрачје. 

Претходно, од страна на кавадаречкото архиерејско намесништво, информираа дека оваа година на големиот христијански празник Богојавление - Водици, повторно ќе биде возобновена благочестивата традиција на потопување на чесниот и животворниот крст во водите на реката Луда Мара.

- Претходно, во храмовите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ - Кавадарци, ќе се отслужи утрена со света златоустова литургија со почеток во 8 часот, по завршувањето на литургијата ќе се изврши голем богојавленски водосвет во дворовите на храмовите. Потоа, верниот народ од храмот ,,Свети Димитрија" , со празнична литија ќе се упати кон реката Луда Мара, таму во 11 часот ќе се изврши голем богојавленски водосвет и потопување на чесниот и животворен крст, соопштија од кавадаречкото архиерејско намесништво. 

Оттаму ги повикаа сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на крстот, да се пријават во храмовите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ во Кавадарци. свд/

Фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан