Седници на две собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за одбрана и безбедност.
Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за одбрана и безбедност.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите во прво читање е единствена точка на дневен ред на собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да разгледаат две инфорамции. Првата е за потребата на доделување на договор влада со влада за обезбедување на резервни делови по програмата Cooperative Logisitic Supply Support (CLLSA), меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на САД, а втората е за набавка на пренослив систем за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Северна Македонија и Владата на САД, со усогласен текст на Амандманот 1. мд/aa/
Фото: МИА архива