• понеделник, 13 мај 2024

СДСМ: Советот на град Скопје ја прифати иницијативата за преземање на Универзална сала од страна на Министерството за култура

СДСМ: Советот на град Скопје  ја прифати иницијативата за преземање на Универзална сала од страна на Министерството за култура

Скопје, 20 јули 2023

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура.

Реконструкцијата на Универзална сала предолго време стои во место а за реализација на овој проект обезбедени се средства од државниот буџет.

Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град.

Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ е едно но СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните.

Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје.  СДСМ апелира да се прифати одлуката на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за овој проект да биде завршен.


СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан