• четврток, 27 јуни 2024

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека имал средба со Палевски

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека имал средба со Палевски

Скопје, 19 декември 2023 

Скандалозно, Христијан Мицкоски, јавно призна дека имал средба со Палевски, осомничен за двете убиства, кои ја потресоа и згрозија македонската јавност.

Јавноста добро знае дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Заедно, со ДПМНЕ и Левица, како дел од Бојкотирам беа против против членството во НАТО.

Мицкоски исто така призна дека немал информации за случајот со двете грозоморни убиства, иако до пред некој ден тврдеше дека има озбилни информации за случајот.

Се фати Мицкоски самиот во своите лаги. Се потврди дека е манипулатор, кој за политички профит злоупотребува и случај на убиство на дете.
 

Центар за комуникации со јавноста na СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан