Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје
- Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места.

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места.
Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Ѓорче Петров, Карпош и во центарот на градот.
Претходно со силно невреме беше зафатен Полошкиот регион.
Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја. дма/бак/
Фото: МИА