• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Пријави за штети од невреме во Тетовско, невреме и во Гостиварско и Кумановско, а нестабилната облачна маса се движи кон Србија

ЦУК: Пријави за штети од невреме во Тетовско, невреме и во Гостиварско и Кумановско, а нестабилната облачна маса се движи кон Србија

Тетово, 26 јуни 2024 (МИА) - На единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи пријавени се штети од невреме кое попладнево го зафати Тетовскиот регион,  каде од 17 часот и 30 минути врне обилен пороен дожд, проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

- Добиена е пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после обилните дождови. Има материјална штета. Добиено е известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и претставува опасност за поплавување на нивните семејни домови. Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово, информираат од ЦУК.

Вработен во ресторанот „Шари“ во Лисец (Општина Тетово) на 112 во ЦУК пријавил дека од невремето се оштетени повеќе возила паркирани на паркинг пред угостителскиот објект. - Се очекува увид од надлежните служби, велат од ЦУК.

Од Управата за хидрометереолошки работи  информираат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дожд и град („суградица“).

Од Радарскиот центар „Ѓуриште“ телефонски известиле во ЦУК дека невреме има во Гостиварско и во Кумановско и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија. ас/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан