• вторник, 16 јули 2024

СДСМ: Кога не блокира закони ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести за птичји грип

СДСМ: Кога не блокира закони ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести за птичји грип
Скопје, 17 февруари 2022 
ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста, по случајот на птичји грип се постапува уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференцијаКога не блокира закони ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести со цел да внесе вознемиреност во јавноста. Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски кој по кој знае кој пат ги лаже граѓаните. Лагите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани. Како што јавно соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство екипите уште од вчера се терен и постапуваат по случајот на птичји грип, се врши епидемиолошко истражување, а денеска заседавал и Националниот центар за контрола на болести. Сето тоа е преземено уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција. Граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не нуди решенија туку само лаги, конструкции и манипулации.
Со почит,
Реакција на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
  Центар за комуникации со јавноста на СДСМ  __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан