• сабота, 18 мај 2024

Светски шампион со Аргентина ја загуби жалбата за допинг

Светски шампион со Аргентина ја загуби жалбата за допинг

Буенос Аирес, 8 март 2024 (МИА) - Светскиот шампион со Аргентина, Алехандро Гомеш, најверојатно завршил со фудбалот, откако ја изгубил жалбата против неговата двегодишна забрана за употреба на забранет стимуланс, објавија медиумите во Италија.

Пред 4 месеци беше објавено дека во примерокот на 36-годишниот фудбалер е откриено присуство на тербуталин - лек кој се користи за смирување на бронхоспазам.

Фудбалерот е суспендиран од 20 октомври минатата година, а сега му е потврдена казната.

Поранешниот играч на Аталанта и Севиља, кој моментално е играч на Монца, беше позитивен на тестот направен во ноември 2022 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан