• недела, 12 мај 2024

Сајнц најбрз на вториот ден тестирање во Бахреин пред новата Ф1 сезона

Сајнц најбрз на вториот ден тестирање во Бахреин пред новата Ф1 сезона

 

Лусаил, 22 февруари 2024 (МИА) – Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, беше најбрз на вториот ден од тестирањата во Бахреин пред почетокот на новата сезона во Формула 1.

Сајнц оствари резултат од 1:29:921 минути. Второпласиран заврши Серхио Перез од Ред Бул со 0.758 секунди заостанување, пред возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон на третото место, со 1.145 секунди заостанување.

Првиот дел од денешните тестирања беше прекинат еден час и 40 минути пред крајот поради проблеми со одводот на патеката.

Актуелниот светски првак Макс Ферстапен беше најбрз вчера на првиот ден од тестирањата на патеката Лусаил, а в петок на програмата е последниот ден за тестирање пред стартот на новата сезона на 2 март за Големата награда на Бахреин. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан