• петок, 22 ноември 2024

ОИ 2024: Македонското знаме развеано на реката Сена

ОИ 2024: Македонското знаме развеано на реката Сена

Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Македонската спортска експедиција беше претставена на вечерашното спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз.

Организаторите се решија за невообичаен потег, па отворањето се одржа на реката Сена, каде делегациите на земјите-учеснички на бродови продефилираа низ француската престолнина пред спортските фанови што го следеа овој спектакл.

Македонскиот екипаж брои шест спортисти, плус нивните тренери, а знамето го развиорија Дарио Ивановски и Мила Рељиќ. 

Со нас на бродот беа и малубројните експедиции на Луксембург и Мадагаскар. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан