• вторник, 14 мај 2024

Претседателот на Претставничкиот дом на САД утре ќе се сретне со претседателката на Тајван, и покрај жестоките критики од Пекинг

Претседателот на Претставничкиот дом на САД утре ќе се сретне со претседателката на Тајван, и покрај жестоките критики од Пекинг

Лос Анџелес, 3 април 2023 (МИА) - Претседателот на американскиот Претставнички дом, Кевин Мекарти, утре во Калифорнија ќе се сретне со тајванската претседателка Цаи Инг-вен, јавија британските медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, постојано ги предупредува САД нивни високи претставници да не се среќаваат со Цаи, која утре кратко ќе престојува во САД, на враќање од турнејата низ централноамериканските земји.

Тајванската претседателка, првично застана во САД и на пат кон Централна Америка. Таа минатата недела се состана со тајванската заедница во Њујорк, што беше нејзин прв престој во САД, иако кратко, од 2019 година. сд/

Остани поврзан