• четврток, 20 јуни 2024

САД: Специфична куќа со комбиниран британско-средзмноморско-американски стил

САД: Специфична куќа со комбиниран британско-средзмноморско-американски стил

Индијанаполис, 25 март 2024 (МИА) - Дизајнерката од САД, Хајди Вудман на барање на сопствениците на имот во Индијанаполис, успеала да ја пренесе, надгради и истакне харизмата на 20-тите од домот што тие го оставиле зад себе во нивната нова куќа. 

Така, новото живеалиште во населбата Меридијан Кеслер било сосем нова „празна страница“, каде што продолжува приказната за семејството со шест деца. Надворешноста е инспирирана од стилот на британските Тудори, но семејството се одлучило да внесе и лежерни средоземноморски одлики коишто би го одржале ентериерот светол. Ѕидовите се бели, а забележливи се и типичните сводови и заоблени делови коишто ги омекнуваат соодветните агли, високи тавани и извртените скали. Но, работата почнуваше речиси од темелот, пишува „Архитекчурал дајџест“ (Architectural digest).

- Се погрижив да внесам многу варијации во квалитетот на материјалот со „топло“ дрво, „живи“ метали, гипс, камен и мек текстил, како мохер. Исто така, вметнав и тони висококвалитетен мебел, изјави таа.

Една од детските спални има розово варосани ѕидови, но трпезаријата со дрвена овална маса има доста формален изглед, како и просторијата за читање... Куќата има и туш-кабина со поглед кон небо, како и мала соба за преспивање на вториот кат.

- Тие сакаа мирно, неутрално катче како дом, со многу шарм во тие секундарни простори. А, по стилот на архитектурата, главните простории навистина требаше да бидат чисто бели, појасни Вудман.

Скалите биле проблем на почетокот, велат. Сопствениците првично сакале тие да бидат истакнати во претсобјето, но на крај се согласиле дека тоа не треба да биде средишна точка на домот па планирањето ги преместило покрај претсобјето, како еден извртен украс на домот.  си/

Фото: „Архитекчурал дајџест“, фотоисечоци

Остани поврзан