„Опен-АИ“ го претстави првичниот ВИ-пребарувач „Срч-ГПТ“
- „Опен-АИ“ ги охрабрува корисниците „да пребаруваат на поприроден и поинтуитивен начин“ и да поставуваат дополнителни прашања, исто како што прават при разговор.
Лос Анџелес, 26 јyли 2024 (МИА) - „Опен-АИ“ го претстави прототипот на својот пребарувач со вештачка интелигенција, наречен „Срч-ГПТ“ (SearchGPT), којшто има за цел да им даде „брзи и точни одговори со јасни и сигурни извори“ на корисниците.
„Сметаме дека има простор пребарувачите да станат подобри отколку што се денес“, напиша извршниот директор на компанијата, Сем Алтман, во објавата на „X“.
Компанијата посочи дека планира да ја интегрира алатката, којашто засега е во тест-период, со веќе популарниот „Чет-ГПТ“ четбот. „Опен-АИ“ ги охрабрува корисниците „да пребаруваат на поприроден и поинтуитивен начин“ и да поставуваат дополнителни прашања, исто како што „прават при разговор“.
Новиот пребарувач би можел да биде сериозна конкуренција за „Гугл“ и неговите вообичаено доминантни пребарувач, велат познавачите. си/
Фото: „Опен-АИ“