• сабота, 18 мај 2024

САД првпат ќе имаат амбасадорка во Германија

САД првпат ќе имаат амбасадорка во Германија
Вашингтон, 30 јуни 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден ја номинираше претседателката на Универзитетот во Пенсилванија, Ејми Гутман за амбасадорка во Германија, соопштија извори од германската Влада. Гутман (71), ќерка на преживеан од холокаустот, ќе биде првата жена назначена на функцијата.

Назначувањето на Гутман треба да биде потврдено од американскиот Сенат и одобрено од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Сè уште не е утврден датумот за нејзината акредитација.

Претходно, САД беа претставени во Берлин од Ричард Гренел, близок соработник на Доналд Трамп, кој се врати во Вашингтон за да стане директор на националното разузнавање под водство на Трамп пред да се повлече од функцијата амбасадор во јуни 2020 година. 

Од тогаш, должноста амбасадор ја извршуваше Робин Квинвил. паг/

Остани поврзан