• петок, 17 мај 2024

САД испраќаат бомби во вредност од 320 милиони долари во Израел

САД испраќаат бомби во вредност од 320 милиони долари во Израел

Вашингтон, 7 ноември 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го извести американскиот Конгрес дека планира да испрати прецизно наведувани бомби во Израел во вредност од 320 милиони долари, изјави извор запознаен со планот.

Како што пренесуваат британските медиуми, американскиот „Вол стрит Џурнал“ испратил формално известување до лидерите на Конгресот за планираното пренесување на „Spice Family Gliding Bomb Assemblies“, вид на прецизно наведувано оружје од воени авиони.

Производителот „Rafael USA“, како што јавуваат медиумите, ќе ги достави бомбите на својата партнерска компанија во Израел, „Rafael Advanced Defense Systems“, за употреба од страна на израелското Министерство за одбрана. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан