• понеделник, 23 декември 2024

САД: Израелскиот напад врз ВЦК нема да влијае на преговорите за прекин на огнот во Газа

САД: Израелскиот напад врз ВЦК нема да влијае на преговорите за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 3 април 2024 (МИА) – САД не очекуваат израелскиот напад во кој загинаа седум работници на Светската централна кујна (ВЦК) во Газа да влијае на преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободувањето на заложниците и палестинските затвореници, соопшти денеска Белата куќа.

- Преговорите за прекин на огнот и заложниците се во тек, изјави на брифинг портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Тој додаде дека не очекува „некое посебно влијание“ од вчерашниот израелски напад врз преговорите. ВЦК вчера соопшти дека ја прекинува работата во Газа по нападот во кој загинаа седуммина нејзини работници.

Организацијата соопшти дека нејзиното возило било нападнато во центарот на Газа доцна во понеделникот, откако работниците помогнале во испорака на храна и други залихи во северниот дел на Газа, кои пристигнале неколку часа претходно. јт/

Остани поврзан