• понеделник, 23 декември 2024

Руски и кинески воени бродови пловеле во близина на Алјаска

Руски и кинески воени бродови пловеле во близина на Алјаска
Вашингтон, 27 септември 2022 (МИА) - Американската крајбрежна стража во близина на Алјаска забележа кинески и руски поморски конвој, вклучително и крстосувачки брод со наведувачки проектили и разорувач. Два брода на кинеската морнарица и три бродови на руската морнарица се забележани во Берингово Море во формација на оддалеченост од 138 километри од островот Киска. Американскиот брод стациониран во ги следеше бродовите пред тие да ја пробијат формацијата и да се разделат. Американската крајбрежна стража имаше поддршка од воздух од авионот Ц-130. Инцидентот се случи еден месец откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди за интересот на Кина и за зголемено воено присуство на Русија за Арктикот. Според Столтенберг, Русија формирала нова Арктичка команда и отворила стотици нови и поранешни воени локации на Арктикот од советската ера, вклучително и длабоки водни пристаништа и аеродроми.

Кина се прогласи за земја блиску до Арктикот и планира да го изгради најголемиот мразокршач во светот. Пекинг и Москва, исто така, ветија дека ќе ја интензивираат соработката на Арктикот. Ова е дел од продлабоченото стратешко партнерство што ги предизвикува нашите вредности и интереси, изјави Столтенберг за време на посетата на северна Канада.

Не е првпат бродови на кинеската морнарица да пловат во близина на водите на Алјаска. Во септември 2021 година, крајбрежната стража во Беринговото Море и во северниот дел на Тихи Океан наиде на кинески бродови на околу 80 километри од Алеутските Острови. ми/

Остани поврзан